ГУБЕЊЕТО НА ЧУВСТВОТО ЗА МИРИС Е СИМПТОМ НА КОВИД-19

Познато е дека симптоми на Ковид-19 се температура, кашлица и губење здив. Но, оториноларинголозите сега предупредуваат на уште еден симптом, за кој се претпоставува дека е поврзан со истата болест, а тоа е аносмија или губење на чувството за мирис.

Аносмија е изненадно губење на мирисот, но без затнување на носот, понекогаш проследено со губење на вкусот (агеузија).
Неколку илјади луѓе заболени со коронавирус пријавиле аносмија како еден од симптомите, рекол вториот човек на француското Mинистерство за здравство, Џером Саломон.