КОЈ ЌЕ ПРЕЗЕМЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ЛОШАТА СОСТОЈБА НА КАРАНТИНСКИТЕ ПРОСТОРИИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ?!
Условите во граничните карантини во нашата земја се повеќе од катастрофални. За тоа сведочи и информацијата што ја добивме од наша читателка која пред неколку дена престојувала во граничниот карантин кај преминот Богородица на македонско-грчката граница.
Еве што раскажува нашата читателка:
„Престојував во граничниот карантин кај преминот Богородица, неколку часа по влезот во земјата. Условите беа повеќе од субстандардни, не се одржува никаква хигиена и што е најстрашно не се врши никаква дезинфекција на просториите“.
Нашиот извор додава дека за времето во кое престојувала во просториите на граничниот карантин од 12 часот напладне до 23 часот навечер не добила никаква вода и храна. Таа добила информации од карантинот кај Деве баир дека ситуацијата била идентична, а имено никаква хигиена и дезинфекција.
Се поставува прашањето: Дали луѓето што мораат да престојуваат во просториите на граничните карантини се заштитени од коронавирус, ако таму хигиената е на ниво нула и не се врши редовна дезинфекција?
Кој ќе превземе одговорност за лошата состојба на карантинските простории на граничните премини, е уште едно прашање што го чека својот одговор и што е најважно, ако карантинот има за цел да го спречи ширињето на коронавирусот, дали со лошите хигиенски услови во него и недостатокот на дезинфекција не се постигнува токму спротивниот ефект?
Ваквата состојба на граничните карантини, може да ги претвори во жариште на многу други болести, не само на коронавирус. Потребно е итно преземање на мерки.