|

(Видео) „Немав ништо, бев сама“ – исповед на тинејџерката спасена по 248 часа во Турција

Здравствената состојба на 17-годишната Алејна Олмез, која беше спасена од под урнатините во Турција 248 часа по разорните земјотреси, ги изненади лекарите, јавува новинската агенција „Анадолија“.

По првиот преглед во Универзитетската болница „Сутџу Имам“ во Кахраманмараш, Алејна била префрлена во Анкара.

Новинарите ја прашаа Алејна за нејзиното здравје.

„Добро сум, благодарам“, одговори кусо 17-годишната девојка.

На прашањето што се случувало под урнатините, Алејна рече: „Немав ништо, бев сама.“

Лекарот Џенгиз Дилбер рече дека е неверојатно што Алејна се наоѓа во толку добра здравствена состојба со оглед на тоа што била под урнатините 248 часа.

Седумнаесетгодишната Алејна Олмез беше спасена од урнатините во населбата Кајабаси во Кахраманмараш по 248 часа поминати под урнатините.



Слични Објави