|

Марш за одбрана на новинарското достоинство

Здружението на новинарите на Македонија и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници ги повика сите медиумски професионалци на протестен марш в петок (17 февруари), кој ќе почне од Владата на РСМ до Собранието, на кој заеднички и сплотено ќе се изрази незадоволството од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, лошата социо-економска состојба.

На маршот, како што информираа од новинарските здруженија, ќе бидат испратени пораки од претставници на ЗНМ и ССНМ, а ќе бидат доставени и следните барања до Владата и Собранието.

– Итно донесување на неопходните закони, кои се важни за правата на новинарите и работата на медиумите и нивно доследно имплементирање;
– Јавните функционери и политичарите да ги почитуваат новинарите и снимателите;
– Крај на агресивниот државен пиар;
– Поддршка за локалните новинари и медиуми;
– Почитување на работничките права на новинарите и медиумските работници;
– Безбедни услови за работа на новинарите и медиумските работници.

Почетокот на протестот е во 10.30 часот пред Владата на РСМ.



Слични Објави