СЕ ЧИСТАТ СПОМЕНИЦИТЕ НА НОБ ЗА ДА СЕ ПРОЧИТА ПОУБАВО „БУГАРСКИОТ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР“

Во пресрет на 11 Октомври – Денот на народното востание, Град Скопје почна со акција за чистење на спомениците на Народно-ослободителната борба (НОБ).

loading...

Со оваа акција веќе се исчистени спомениците на жената борец, на Благоја Деспотовски – Шовељ, Перо Наков, Панче Пешев, како и споменикот на УРС-овите синдикати.

Во наредниот период ќе продолжи акцијата за чистење на другите споменици на НОБ.


loading...

Спомениците на учесниците во НОБ кои се поставени во Скопје заслужуваат посебно внимание и затоа Град Скопје ќе продолжи да се грижи тие редовно да се одржуваат заедно со просторот околу нив.