| |

АКО БРАТОТ ИМА НЕШТО ПРОТИВ ТЕБЕ ОДИ И ПОБАРАЈ МУ ПРОШКА

Ако братот има нешто против тебе, оди ти и побарај прошка. Нема да бараме тука земска правда, судии, адвокати, па да испитуваме кој е во право. Јас одам прв, иако можеби сум сигурен дека сум во право, совеста ми кажува така, но сепак прв одам да барам прошка од ближниот. Да ни даде Бог благодат сите да го правиме тоа. Да им простуваме особено на оние на кои ни е тешко да им простиме. Тука е подвигот на христијанската љубов.

Владика Партениј ,игумен и старец Бигорски



Слични Објави