ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ ТРАНСПОРТ ЛАНИ СО ЗАГУБИ ОД 512 МИЛИОНИ ДЕНАРИ И ДВОЈНО ПОМАЛКУ ПАТНИЦИ
Во товарниот сообраќај претпријатието бележи загуби од 145 милиони денари, а во патничкиот од 45 милиони денари, јавува Слободен печат.
Со физибилити студијата што ја најави Владата треба да се одредат следните чекори што ќе овозможат ефективно и ефикасно работење, како и квалитетна услуга за железнички транспорт на граѓаните преку ЖРСМ Транспорт, кое и минатата година забележа загуби во работењето. Возниот парк, според најавите, ќе се обнови со две локомотиви донација од Турските железници со кои се разгледуваат можности за соработка во делот на одржување на железничките возила.
Од железничкото претпријатие за МИА велат дека ја завршиле 2020 година со негативен резултат заради состојбата со Ковид-19. Нивните податоци покажуваат вкупна загуба од 512.123.000 денари. Во товарниот сообраќај претпријатието бележи загуби од 145 милиони денари, а во патничкиот од 45 милиони денари. Се надеваат дека ќе се надмине ситуацијата со Ковид 19 и ќе нема порестриктивни мерки што ќе влијаат на обемот на работа.
-Уште од поделбата на нашата компанија во 2007, на Инфраструктура и Транспорт, ЖРСМ – Транспорт А.Д ги има наследено сите долгови на компанијата и од тогаш не е во можност да функционира како што треба имајќи ги во предвид судските одлуки коишто произлегуваат како последица на неподмирени (стари ) долгови кон домашните компании и кон странски железници. ЖРСМ – Транспорт А.Д. оваа година ја заврши со негативен резултат заради ситуацијата со КОВИД 19. Нашите евидентирани податоци покажуваат загуба од 512.123.000 денари, а во 2019 година имаше загуба од 403.954.000 ден, изјавија од ЖРСМ Транспорт АД.
Целиот напис прочитајте го овде.

