СОБРАНИЕТО ТРЕБА ДА ИЗБЕРЕ ДВАЈЦА НОВИ МИНИСТРИ, ТРОЈЦА ЗАМЕНИЦИ И НОВ ВИЦЕГУВЕРНЕР

/

Собранието на Република Македонија денеска на 110-тата седница треба да избере двајца нови министри и тројца заменици министри што ги предложи премиерот Зоран Заев.

Нина Ангеловска е предложена за нов министер за финансии, а Хисен Џамаили за министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима.

За заменик министер за економија е предложен Кирил Колемишевски, за заменик министер за образование и наука Елизабета Наумовска, а Неџад Мехмедовиќ за заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Пратениците на денешната седница треба да изберат и нов вицегувернер на Народната банка на Република Македонија, за што е предложен Фадил Бајрами.





Претходна статија

ДО 2050 Г. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА НАМАЛИ СВОЈАТА ПОПУЛАЦИЈА ЗА ПОЛОВИНА МИЛИОН ЛУЃЕ

Следна статија

ШИЛЕГОВ ОБЈАВИ ВИДЕО НА КОЕ СЕ ГЛЕДА КАКО ХУЛИГАН ГО УНИШТУВА ЗЕЛЕНИОТ КРОВ НА ГТЦ

Најново од Вести