(ВИДЕО) КАРАКАЧАНОВ: ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИМА МНОГУ ЛУЃЕ КОИ СЕБЕСИ СЕ НАРЕКУВААТ БУГАРИ-НИЕ ИМАМЕ МОРАЛЕН И ИСТОРИСКИ АНГАЖМАН КОН НИВ

„Ние не можеме да се согласиме со тоа што се случува во РС. Македонија и никакви избори не се причина за тоа. Како што помните, Договорот за добрососедство и пријателство беше потпишан во август месец 2017 година. Тука се работи за принцип и ако некој се обидува да објасни дека Каракачанов е лошиот во Бугарија и тој ги запира политичарите да влезат во убавите обувки на ЕУ, треба да ги погледне социолошките истражувања. 84% од Бугарите се против компромисот со бугарската историја, бугарскиот идентитет и бугарското национално достоинство“, изјави потпретседателот на бугарската влада Красимир Каракачанов, во емисијата „Панорама“ на бугарската национална телевизија.

loading...

Каракачанов потсети дека во Македонија има луѓе кои се самоопределуваат како Бугари и истите не треба да бидат заборавени.

„Да не пропуштам ние зборуваме за Бугари во РС Македонија. Зошто забораваме дека таму има луѓе кои до ден денешен и покрај сите премрежја на времето, и покрај теророт на титова Југославија, кога илјадници луѓе се убиени, затворани, иселувани, и бркани од работа, и покрај тоа сѐ уште има многу луѓе кои се нарекуваат Бугари. Ние немаме ли ангажман кон тие луѓе? Барем морален и историски ангажман кон тие луѓе имаме.“, изјави министерот за одбрана и потпретседател на бугарската влада, Красимир Каракачанов.



loading...