|

ШЕСТМИНА ПОВРЕДЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО РУДНИК ВО БиХ

Шестмина работници се повредени во рудникот Угљевик, кога во работилницата експлодирала гума на камион дампер.

Во инцидентот што  се случил по 9 часот,  четири лица се здобиле со полесни повреди им била укажана прва помош, пренесува сараевскиот портал „Кликс“.

Двајца тешко повредени работници се пренесени во болницата во Бијелина, но не се дадени информации за нивната состојба.

Се тврди дека е направена материјална штета на објектот и во инвентарот на рудникот, во тек е полициска истрага.



Слични Објави