ЗАЕВ: ВО АЛБАНИЈА ПРАВАТ ВЕТИНГ, НИЕ НЕ СМЕ СТИГНАТИ ДО ТОА НИВО
Само процесот на прочистување во судството ќе донесе позитивни резултати. Затоа повикувам на просчистување во правосудството, како што во моментот се прави прочистување и проверка на Владата, на премиерот, на министри, заменици министри, директори…Тоа е дел од овој трансформативен процес, истакна премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашање на денешната прес-конференција во Владата.
Тој појасни дека со прочистувањето ќе се оделат сите чесни судии и обвинители од оние што се нечесни или не треба повеќе да работат во правосудството.
„Уште еднаш кажувам, тоа не е ветинг. Ветинг прави Албанија. Ние не сме на тоа ниво стигнати. Ние треба да направиме едно прочистување. Зошто? Од сите оние чесни судии и обвинители треба да се оделат сите нечесни. Можеби се чесни, но имаат судир на интереси, кој што не е дозволив. Некои можеби немаат судир на интереси но имаат недозволива имотна состојба и пари која што претставува индикативна за сериозноста на самите процеси“, рече Заев.
