| |

ВМРО-БНД ОД ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ БАРА КОАЛИЦИОНЕН ПАРТНЕР ЗА ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ИЗБОРИ ВО БУГАРИЈА

„ВМРО ќе започне разговори во понеделник за можна коалиција за претстојните предвремени избори во Бугарија“, соопшти лидерот на партијата Красимир Каракачанов.

„Наши потенцијални партнери можат да бидат Националниот фронт за спас на Бугарија (НФСБ) на Валери Симеонов и партијата КОД на Петар Москов. Нема никакви шанси да разговараме со Волен Сидеров и Веселин Марешки“, вели Каракачанов.

На изборите што се одржаа на 4 април ВМРО освои 3,64 % додека НФСБ во коалиција со партијата Волја на Веселин Марешки освои 2, 37%.



Слични Објави