| |

ГРУЕВСКИ ПРИФАТИЛ РЕПУБЛИКА ГОРНА МАКЕДОНИЈА

Премиерот Заев во емисијата „Само вистина“ изјави дека Груевски го прифатил името Република Горна Македонија.

-Кога судот би ги објавил разговорите за името, ова не е прв пат да биде прифатено име со географска одредница, ерга омнес. Никола Груевски прифати Северна и Горна Македонија во 2012 и 2013 година, без да биде дефиниран идентитетот, односно без Грција да го прифати идентитетот и јазикот, тоа било оставено да лебди. Грција не го прифати ова решение зашто беше испровоцирана со Скопје 2014. Ова го има во разговорите и првпат го кажувам, рече Заев.

Слични Објави