ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ СТРУМИЦА-БЕРОВО
Mинистерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов и градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски, го означија завршувањето на градежните работи за реконструкција на регионалниот пат Струмица-Берово.
Реконструкцијата се одвиваше на две делници со вкупна должина од 15 километри а инвестицијата изнесува 1, 6 милиони евра, средства обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.
Владата на Република Македонија е подеднакво посветена на подобрување на инфраструктурата во Jугоисточниот регион, има сериозни планови како од аспект на локален развој така и од аспект на регионален развој, потенцираше министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
“Завршиме со реконструкција на овој регионален пат, инвестиција од 1, 6 милиони евра. Сакаме да најавиме дека оваа година ќе отпочне проектирање на два нови нови ескрпесни патишта и тоа од Струмица до Радовиш како и експресен пат од Струмица до границата со Бугарија. На тој начин ќе обезбедиме брза врска низ цела Источна Македонија. Ова е многу важно за да еконсмки развој како и за да можеме да привекуваме нови инвеститори. Исто така ќе се рехабилитираат уште неколку други регионлани патни правци”, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.
Тој истакна дека во делот на комуналната инфраструктура, преку Министерството за транспорт во месец август ќе започне со изградба на канализационен систем за населените места Дабиле и Просениково, инвестицијата е во висина од 600 илјади евра.
“Она што сакам да потенцирам е дека некаде за месец и половина од сега ќе завршиме со изградбата и на 41 социјален стан и очекуваме веднаш да се распише јавниот повик за распределување на овие станови за да може да им се излезе во пресрет на оние жители на Струмица на кои им е неоходен кров над глава, изјави министерот Сугарески.
Директорот на ЈП за државни патишта најави дека во следниот период ќе се реконструираат уште неколку регионлни патни правци во овој регион.
“ За десетина денови ќе почне тендерската постапка за проектирање на патот од Струмица до село Дабиле во должина од 2 километри, кој ќе биде со четири ленти. Овој патен правец е едно од најтесните сообраќајни грла во државата. Во тек е и постапката од Светска банка за рехабилитација на 12 патишта во цела Македонија, во кои влегува и патниот правец Струмица-граничен премин со Бугарија. На 13 август треба да биде завршена тендерската постапка”, изјави Зоран Китанов, директор на ЈПДП.
Во рамки на посетата на општина Струмица министерот Сугарески оствари средба со Градоначалникот на која средба се разговараше за сите проекти што се реализираат во општината преку поддршка од Централната власт така и на општинско ниво.