ТЕТОВА СОТ: ГРУБИ ПРВ ВИЦЕПРЕМИЕР А ОСМАНИ ПРВ ДИПЛОМАТ

Порталот Тетова Сот од свои извори дознава кои ќе бидат ликовите од ДУИ кои ќе предводат министерства во новата Влада Заев-Ахмети. Прв вицепремиер и министер за политички систем ќе биде Артан Груби, додека Бујар Османи ќе го предводи Министерството за надворешни работи.

Исто така, според изворите на Тетова Сот, министер за финансии ќе биде Фатмир Бесими, министер за економија, Крешник Бектеши, додека Екологија ќе ја води сегашниот министер, Насер Нуредини, а Министерството за информатичкото општество и администрацијата ќе го предводи жена.