ВЕЧЕРВА ПОЧНУВА ТРЕТОТО ИЗДАНИЕ НА „SKOPJE LIGHT ART DISTRICT“, ФЕСТИВАЛОТ НА СВЕТЛОСНА УМЕТНОСТ

Четири вечери на 18 локации, 25 уметници и изведувачи со своите изложби, перформанси и 3Д мапирања ќе го осветлат Скопје и ќе го обојат во сите бои, почнувајќи од симболот на градот, Камениот мост.

Ова е најавата за третото издание на фестивалот на светлосна уметност „Skopje Light Art District“ кој е во организација на Универзална Сала и Град Скопје, а кој почнува вечерва од 20 часот и 30 минути и ќе трае се до 22 август. Замислената рута на фестивалот ќе продолжи по кејот на реката Вардар, зградата на МЦМ и Градскиот парк.

„Третото издание на фестивалот на светлината претставува симболичен мост, живописна врска што ги обединува уметноста, технологијата и науката, минатото со сегашноста и иднината, градот и природата, користејќи го јазикот на светлината. Фестивалот годинава ќе испрати пораки за заштита на животната средина – преку одговорни одлуки и начин на живот да се заштити природата и нејзините богатства“, најавуваат од Град Скопје.

Содржините и мапата за движење на фестивалот може да се следи и на апликацијата која може да се преземе на овој ЛИНК.