| |

БГНЕС: ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ Е „ЖЕНЕТ ЗА БУГАРКА“

ФОТО: БГНЕС

Најголемиот противнк на сѐ бугарско во Македонија е женет за Бугарка, јавува дописникот на БГНЕС од Благоевград. Сестрата на сопругата на Христијан Мицкоски, Роза- Стевица Јанева, поседува бугарско државјанство. Тоа станува јасно од гласачките списоци за претстојните парламентарни избори во Бугарија што треба да се одржат на 4 април годинава. Стевица Јанева, работи како нотар во градот Струмица и има бугарски пасош. Таа може да добие таков документ само врз основ на докажано бугарско потекло и декларација за бугарска самосвест. Стевица Јанева може да го искористи своето право на глас во бирачкото место бр.47 во општина Петрич.

ФОТО: БГНЕС

Баџанакот на Мицкоски, Јорданчо Јанев, исто така поседува бугарско државјанство и ако сака своето право на глас може да го искористи во Благоевград во избирачкото место бр.25.

„Ако Стевица Јанева има бугарско државјанство врз докажано бугарско потекло, тогаш излегува дека и Роза Мицкоска дека е Бугарка“, стои во материјалот на БГНЕС.
„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е познат по својата антибугарска реторика. Тој дури и си дозволи да истакне неодамна дека ако некој каже за Гоце Делчев дека е Бугарин, ќе направи дипломатски скандал во светски размери. Не е јасно каков скандал ќе предизвика веста дека самиот тој е женет за Бугарка“, пишува во материјалот на БГНЕС.



Слични Објави