ВО ИТАЛИЈАНСКАТА „ЦРВЕНА ЗОНА“ НЕМА НОВИ ЗАРАЗЕНИ, КАРАНТИНОТ ДАВА ЕФЕКТ

//

Две недели откако првите 10 града во северна Италија беа прогласени за „црвена зона“ и ставени во карантин, нема нови заразени, рече италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо за Би-би-си, пренесува МКД.мк. Тој вели дека карантинот дава ефект.

Ова потоа послужило како модел за заострување на мерките низ целата земја.

Во Италија сега се забележани вкупно 1.016 смртни случаи, како и вкупно 15.111 заразени. Службениците на цивилната заштита велат дека 1.258 оздравеле, иако бројот на заразените во цела Италија е зголемен за 2.651 од средата. Италија е најтешко погодена земја во светот по Кина.

„Италија беше првата нација во Европа што е погодена толку лошо“, рече Ди Мајо. „Но се надевам дека исто така значи дека Италија ќе биде првата што ќе ја надмине вонредната состојба“.



Целиот напис прочитајте го овде.



Претходна статија

БИТОЛЧАНКА ГО УЦЕНУВАЛА СО 20 000 ЕВРА ПОРАНЕШНИОТ ЉУБОВНИК , ОЈО БАРА ПРИТВОР

Следна статија

ВЛАДАТА ВОВЕДУВА РЕСТРИКЦИИ ЗА ВЛЕЗ НА СТРАНЦИ ОД ЗЕМЈИ СО ВИСОК РИЗИК

Најново од Вести