ОБЈАВЕНИ ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДАТА „11 ОКТОМВРИ“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО
Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ги објави добитниците на највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.
За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на проф. д-р Драги Михајловски, преведувач и писател, на Ристо Лазаров, писател и новинар и на актерот Петре Арсовски.
Наградата за животно дело во областа на здравството му се доделува на проф. д-р Александар Ставридис, хирург – уролог.
Оваа одлука стапува во сила од денот на донесувањето и ќе биде објавена во ,,Службен весник на РМ“.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 октомври во 12 часот во Собранието на Република Македонија.