Кичерајот на политичката елита во Северна Македонија
Пишува: Ели Секуловска
Новата Година ме затекна кај А. писател кој досега објавил две книги. Во друштво на неколу луѓе, малкумината кои останавме од нашиот литературен кружок. Резигнирано разговаравме. Слободната мисла не е дозволена во Северна Македонија. Концепцијата на пишаниот збор и понатаму е во рацете на политичката инструментализација.Таа ја разбира и толкува книжевноста како вешто прикриен предмет на општествена насока за да би можело полесно да се манипулира и наводно да ја шири својата поетична, а во суштина, својата идеолошка моќ. Било какви примеси надвор од фолклорот и локалниот елемент, не се дозволени. Уметничкото творење не се посматра во поголем контекст, на пример европски, туку мора да се изолира, да биде разбирливо за не толку образованата и шлифувана паланка. Со помош на националните, фолклорните, филозофските и фељтонистичките мистификации, на поединецот му се дава важност дека има историско значење од епохални размери да ја зачува нацијата .Таквиот човек, иако нереализиран како индивидуум, станува човек од акција, народен трибун, привид на индивидумот, индивидуа без индивидуалност,верно куче во чопорот.
Во меѓувреме, додека разговаравме, на тв екраните се појавија политичките челници на Северна Македонија да ја честитаат Новата Година со порака за обединување. Бараат стискање, загушливост, едноумие. Да се претопиме во крдото, во стадото; бараат да го изгубиме индивидуумот, себството. За Божиќ и Богојавление, како што и претпоставив, во рамките на кичот, политичките челници ќе се претворат во „небески ангели“, ќе честитат и повторно ќе бараат обединување на крдото пред Бога и македонизмот како апсолутна вредност, нарација придружена со магиско – фолкорен колоритен кич. Очигледно е дека кичот одамна станал легитимно средство за обраќање до широките народни маси. Опскурен, бидејќи е егизибистионистички и доколку се сретне со соодвтна примитивност од другата страна, од колективот, тенденцијата се прифаќа со радост како оззаконување на свесната неавтентичност.
Но, каква врска сега имаат таквите кичерајски говори со психата на масите? Каква врска имаат феноменолошкиот apеrcus со тоа? Се прашувам што ја поттикнува кичерајско изглумената побожност ? Одговорот е дека кичот и масите имаат иста структура. Следователно на тоа, колку образованието е на пониско ниво, толку и афинитетот кон кичот не само што се оззаконува, туку народното политичко раководство одлично го искористува за заведување на масите. Кичерајскиот стил на државничко обраќање до народот, како и манипулирањето со јавното мислење е одамна препознатлив и задушлив, со реа на застоеност, но чинам дека поголемиот дел од граѓанството е навикнато да го слуша таквиот шунд од сплеткани фрази, изрази и памфлети, иста мелодија што звучи како расипана грамофонска плоча со децении наназад. Наративот изветвен и далеку од европскиот контекст, но никој не реагира! Ниче и Кјергеког уште одамна непоколебливо ја демаскираа тенденцијата на кичот кога ќе ја фатеа во нејзиното невистинито дејствување. Тенденцијата од било кој вид, вградена во кичот е дополнителна интенционалност којашто треба на некој начин да ја надомести примарната чувствителност која се стерми кон иманенција. Целта ( тенденцијата) треба во извесна мера да ги оправда средствата во заведувањето на масите. Ова пресместување со кичот како интенција за заведување на масите во Северна Македонија никогаш не престана.
Инфантилно враќање кон божеството, кон тотемот, до вчера Тито, денес Бог, тотеми позади кои ќе се обедини стадото за да може да се контролира и безрезервно да верува, затоа што ретушираната историја им паѓа во бездна. Уште еден обид за кичерајско додворување. Сега го фаворизираат Бог, ама Бог како тотем, Бог како врховен командант, обединител, Бог како институт под чија капа ќе се заведува толпата. Национализам и Бог – опиум за народот, афридизијак за да се засилат чувствата на поединецот во толпата до ниво на хипнотизираност. Ако Маркс за нешто беше во право, тоа е неговата сентенца дека религија и Бог без трансцеденција се чисто политикантство.
И ете, како што претпоставив, за Божиќ стартуваше првото интервју на претседателката Силјановска во Новата 2025 година, за тв Алфа со новинарката Искра Коровешовска. Воведното прашање на новинарката упатено до Силјановска, беше: – “ Кога си ги посакавте желбите за Божиќ, за Вас, за Македонија, нивното исполнување верувате ли дека ќе биде во името на Бога или Вие лично ќе бидете заслужни за тоа? “.
Какво прашање, таков и одговор. И двете, новинарката и Силјановска си кореспондираа како сврзани садови во кичерајскиот им памфлет скроен од службите дека треба да се зборува и додворува, ама ништо да не се кажува; колку што може повеќе да се маскира вистината, притоа да се фаворизира тривијалноста.
Во “името на Бога”, и скриена позади Бога ,Силјановска не го ни спомена масакарот извршен над 1200 луѓе за време на Крвавото коледе во 1945 година од страна на титовите челници .И секако во „името на Бога“ не ги спомена ниту убиствата, ниту затворите, ниту конфискациите што се случуваа во крвавиот период во Македонија после 1944 година!
Додворувачкото интервју на Силjановска личеше на малограѓанско театарче, зрачеше со простота и примитивизам, а јас зјапав со апатија што се прелеваше со боите на одвратноста, одбивноста, бунтот и апсурдот. Во интервјуто преовладуваа зборовите: Македонија, македонизам, семакедонско и секако- Бог.
На стадото мора да му се даде вештачки стимул, да се призведе ad libitum, чувственце ( Ниче) кое не само што се доживува, туку на естетско- кокетен начин мора и да се ужива во него. Затоа што расположението, како носечко животно искуство врз кое се темели целото доживување на масата не може да биде волно индуцирано. Силјановска, со нејзиниота препознатлива извештаченост на говорот, се нарекуваше себеси и божја следбеничка , говореше измазнето, претенциозно како и секогаш, па целиот тој пуританско – фолклорен кич беше проткаен со малограѓанска „чистота“ и наивно-простачка рафинираност; од типот- срамота за Голата Маја да биде гола туку таа треба да биде облечена. Тоа е исто кога “интелектуалното” граѓанство во Северна Македонија, деценија наназад се расправаше за гаќите на стауата на Прометеј; дека е срамота Прометеј да биде гол, без гаќи, за на крај да одлучи дека на Прометеј треба да му се стават гаќи! Но, никој не се замараше дали статуата на Прометеј е уметнички и естетски издржана, воедно и каков е историскиот контекст на Прометеј со историскиот контекст на денешна Северна Македонија?. Дали воопшто двете паралелни прави некаде имаат заедничка точка?
Вчера Силјановска, повторно се појави во Охрид за Богојавление. Ја гледам целата таа колона на униформирани и ропски слеани следбенци со командно движење. Хахахаха, господо хуманисти! Целокупниот општествен поредок целата структура, власта, законот државата и владата, институциите… се тоа се одржува од робови, едвај израснати од детските години, присилени да се заколнат на слепа послушност.
О, хипокризијо! Таа присилна, доброволна заклетва.
Вистинскиот автор на ваквиот припрост дијалог и кичерај е службата, домашната служба, затоа што целата оваа негувана деликатност е доена од пониски луѓе, а корените се длабоко вкопани во тлото на простотијата. И повторно се јавува неопходноста од надоврзување кон пониската вистина, митологизирана, тотемизирана до апсурд, чија основна цел е да се скрие повисоката вистина, онаа чиста и недопрена. Вулгарниот прагматизам и најпримитвниот можен историцизам се единсвената религија на божемните чувари на националното богатство
Па, гледајте ги тие митомански чудовишта во Скопје! Проектот „Скопје 2014“, преплавен со украси од најпримитивен вид, срцекршачки, површен – вулгаризирана романтика здружена со еманципација на малограѓанството. Какво уживање во кичерајството? Лажноста на кичерскиот материјал не е во тоа што се користеше гипс наместо мермер, туку повеќе во одсуството на трансцеденцијата. Но, трансцеденцијата е чиста, од душата, од себството и само таа, и внатрешната интроспекција може да творат уметност. Се друго е лага, пропаганда. Ваквата манипулаторкса и наопачка концепција позади себе ја крие идеолошката моќ,за да управува со општеството со псевдомитологија, митоманија, ксенофобија ; општество во кое културата се гради врз база на лажна историја каде фактографијата се презентира врз основа на народната епика. И по ѓаволите со тие малограѓански фељтонисти и колумнисти кои пишуваат од „народот за народот“! Пропаднатите писатели, сега новинари, ситни платеници за тривијални колумни и мали фељтончиња, лишени од индивдуализмот. Прагматични, малограѓански допадливи, исто како и порано и со не помала ревелација на тривијалност; пишувањето им личи на обично гугање и повторување, прелевање од “пусто во празно” , во знак за домашна употреба, далеку од светската мисла. Ах, само кога ќе видиш какви кукавици се кога ќе ги „удриш“ фронтално! Како ли се кријат во нивните новинарско- академски синекури. Макдонската книжевност е лишена од секој суштински индивидуализам. Единствени столбови му се афирмација на народот како целина. Проблемот е во тоа што тие пишувачи не се занимаваат со некаков интелектуален труд, со светската мисла, туку теоретизираат она што е воспоставено како база, догма. И понатаму се споменува некоја си патриотска книжевност која би требало да му даде поддршка на националниот програм. Секој вид на поместување на визурата се третира како предавство. Ваквата ригидност во поглед на сфаќањето на уметноста, ја претвори македонската култура во вистински ориентален кич.
Но, просечната интелигенција ги сака таквите коњски очила на очите кои му овозможуваат рамен кас. А бистрата и жива интелигенција ќе посака несигурност, ризик, истражување, вистина. Долга низа на години живеевме во систем, совршено затворен, како риби во стаклена топка. Но, ослабувањето на системот не значеше враќање на вистинските вредности затоа што од тоа време остана распоредот на луѓето и групите, зафатени со тоа да ги одржат нивните позиции, наместо да се направат потребните реформи.Истата распореденост на групите е само продолжение на парализата на секое поле.
Вечерва ја следев инаугурацијата на Доналд Трамп, 47-миот Претседател на САД. Не го видов Мицковски, како што помпезно најавуваше дека ќе биде присутен,но тој не ми е ни важен. Говорот на Трамп беше одличен,оптимистички, и пред се мотивирачки. Зборуваше без да чита. Говореше за САД како целина, за колективот, но на највисок пиедестал ги стави индивидуалните човекови права и слободи. Во тоа се состои и суштината на демократијата. Трамп истакна дека ќе го поддржи проектот за лансирање на вселенски бродови на Марс и даде недвосмислена поддршка за инженерите на Елон Маск. И Додека Трамп се анагжира за научни проекти за Вселената, Мицковски со својот припрост стил на обраќање,повторно зборува ли зборува за чопоративно обединување .
Трапм рече дека ќе се бори против двата тоталитарни режими, фашизмот и комунизмот. Ако не му е јасно на Мицковски она што му го вели цела Европа како и Бугарија дека Северна Македонија како и секоја бивша комунистичка земја треба да помине низ катарза и да расчисти со комунитичкото минато и неговите структури кои грчевиот се борат да останат на власт, ете, вечерва, Трамп го повтори истото.
Мицковски лобирал да присуствува на инаугиурацијата на Трамп преку некакви си ПИ-АР агенции и тоа го платил доста скапо. Муцунски по скопската чаршија се фали заради неговото лично познанство со канадскиот премиер Џастин Трудо! Се разбира, доколу тоа е точно. О,каква гротеска! Очигледно дека и на двајцата не му е јасно дека познаствата и лобирањата не се важни кога станува збор за исполнување на критериуми и дека треба да се зафатат со работа, да ги направат реформите и да расчистат со југословенските комунистички структури.
После говорот на Трамп, сфатив колку ми треба чист воздух за да можам дишам. Северна Македонија е жабокречина полна со тиња и пред се, со огромна доза на глупост .Единствената идентификација со останатите во Северна Македонија е преку нивниот македонизам иако досега не ја разбрав суштината – што по ѓаволите им значи тоа? Затоа што портертот на денешниот Македонец, даден врз основа на лични впечатоци, не е ништо друго освен психолошки портет на човек кој го губи здравиот разум и моќта на расудување кога ќе се спомене името на друг народ. Тоа е портет кој се реализира преку спротивставувањето према другиот, преку својот избран непријател – во случајот Бугарите, порано Албанците. Портет на човек кој само со таквиот деструктивен избор може да се реализира, токму во сартровско-, егзистенцијалистичкото значение на поимот.А јас со таквиот човек немам ништо заедничко и немам што да си кажам. Ме интересира напредок и наука, а не нешто муфлосано и заостанато.