АХМЕТИ И ЗАЕВ ГО ОСТАВИЈА ЗИБЕРИ БЕЗ ЗБОРОВИ
Насер Зибери, кандидатот за прв Албанец премиер на ДУИ вели дека нема коментар за договорот за идната владата меѓу ДУИ и СДСМ.
„Немам коментар“, кратко одговори Зибери пишува весникот Лајм.
Потсетуваме дека вчера, лидерите на СДСМ и ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети соопштија дека имаат договор за влада во која премиер ќе биде Зоран Заев до последните 100 дена од мандатот а потоа ДУИ ќе предложи премиер за до организирање на новите избори.