АПАСИЕВ ДО ЧЛЕНСТВОТО НА ЛЕВИЦА: НЕ ПАЃАЈТЕ СО ДУХОТ ВО МАРТ-АПРИЛ ЌЕ НИ ДОЈДАТ ПАРИ ОД ДРЖАВАТА

Не паѓајте во духот! Парите се битни, но не се најбитни. Лавината наречена Левица веќе е невозможно да биде запрена. Семето на Отпорот е посеано на плодна почва и на здрава основа. Раководството е консолидирано и има план за АКЦИЈА.

Веќе во март-април следната година, врз основа на одличниот изборен резултат, ќе добиеме рекордна сума која ни следува од државното финансирање. А дотогаш? Дотогаш ќе водиме правна битка за поврат на заробените средства и легислативна битка за радикална РЕФОРМА на лихво-банкарскиот сектор. И ќе издржиме! Солидарно, здружно и машко-женски. ✊, напиша лидерот на Левица, Димитар Апасиев на социјалната мрежа Facebook.