ВОЗДУХ

Љубовни приказни

Како трошките од масата,
толку ми се битни остатоците од таа клише љубов…
изговорена некаде во воздухот.
Никој не може да ме сака повеќе од мене.
Се или ништо!
Не сакам нешто што се состои само од воздух…
сепак, тоа и онака го дишам секојдневно.
Некогаш и премногу
затоа што никогаш не е доволно.
И се гушам.
Не фала.
Не ми требаат тие токсични отрови,
таа евтина приказна од празни зборови.
Лебдат во воздухот
и ми нарушуваат хармонија.
Лудоста никогаш не била разбрана.
А она што не се разбира се осудува…
А креативниот ум полудува
кога идеите се само воздух.

Автор: Милена Крстеска