(Видео) Дацко, ти посакуваме успеси во партиската кариера и многу бурни лета на Халкидики
Се двоумевме дали овие „поетски“ повраќаници на младиот „талент“ да се најдат на нашиот портал, бидејќи така индиректно му правиме реклама на Дацко Две црвени Ѓуровски, но таа омраза што струи од неговата „поема“ треба да биде слушната.
Свесни сме дека и за овие глупости што ги исфрла во етер малиот поет се криви Захариева, Каракачанов, Џамбаски, Радев, Јотова и уште еден куп бугарски сегашни и поранешни високи функционери, свесни сме дека за тој отров е крив секој само не отворениот антибугаризам којшто се проповеда на сите страни. Но за едно нешто сме сигурни Дацко и таквите жедни за политичка кариера рецитатори не се виновни за ништо. Тие едноставно знаат дека во РС Македонија е модерно да се мрази Бугарија и Бугарките да се нарекуваат к*рви, кои општеле за „две црвени“. Тие моронски муабети не се родија по ветото од бугарска страна, не.
Тие глупости се проповедаат од многу поодамна. Сега веќе не е срамно да ги кажуваш, пожелно е, ако сакаш да направиш кариера како политичар, надевајќи се исто толку простите, како тебе, дека ќе те гласаат бидејќи ја браниш македонштината со моронштина.
Што ли ќе речат за овој говор „добрите Бугари“ и „бугарофилите“ што седат во скутот на Заев?
Знаеме што ќе речат… Ви кажавме, ве предупредивме, ветото тоа ќе го донесе, а откако ќе заврши сe` ќе го фатат патот на кај Софија, за да си ги соберат медалите. Оти им следуваат. Оти тие предупредувале, оти биле визионери. Нивните сестри и мајки не се „продавале“ за две црвени, затоа се раат…
Нам не ни останува ништо друго освен да му посакаме успешна кариера на Дацко Две црвени Ѓуровски во редовите на неговата партија. Му посакуваме од срце да биде поуспешен дури и од еден Илија Димовски например.
Детево заслужува, гледаме и самите колку се потрудило да си ја научи на памет „поемава“. Браво младичу, ние лошите Бугари од Трибуна ти посакуваме многу лилјакови откако ќе пробиеш до врвот на твојата матична партија и се разбира ти посакуваме многу убави лета поминати на Халкидики, каде што од прва рака ќе можеш да ги запознаеш и да ги одбраниш, традициите што ги негувал твојот Александар…

