|

Хаџи Стањо Врабевски и Тетевенскиот револуционерен комитет: Голем Бугарин од времето на Преродбата (1)

Во зачуваните документи, спомени и истражувања за нашиот најпочитуван и сакан национален херој, Апостолот на слободата, Васил Левски, се спомнуваат редица имиња на негови блиски и лојални соработници. Меѓу нив среќаваме повеќе или помалку познати, а често и речиси заборавени личности. Еден е од тие некогаш познати, а денес недоволно истражени Бугари од времето на Преродбата е големиот трговец од градот Тетевен хаџи Стањо х. Станчев Врабевски- несомнено светла, понекогаш контроверзно претставувана фигура на човек од водечкиот социјален сталеж во бугарското општество за време на Преродбата.

Хаџи Стањо на оригинален и автентичен начин ја персонифицира националната енергија ослободена од идеите и активностите на Левски- еден општествено-политички феномен, отсликан од Иван Вазов во неговите познати стихови:

„И всякоя възраст, класа, пол, занятье

зимаше участье в това предприятье;

богатий с парите, сюрмахът с трудът,

момите с иглата, учений с умът…“

Хаџи Стањо е пример за директното и нешто повеќе- водечкото учество во борбата за слобода на бугарска нација, на онаа заедница, која обично ја нарекуваме национална буржоазија. Таа до одредена степен нова социјална заедница е формирана од луѓето, кои успеале да развијат успешни активности во сферата на трговијата, финансиите и претприемништвото. Макар традиционално да биле нарекувани „чорбаџии“, тие Бугари ги персонифицираат новите стопански и социјално-политички трендови, што даваат перспектива за развојот на бугарското општество. Специјално кај хаџи Стањо, којшто е и високо образован човек за тоа време, убедливо се преплетуваат ролите на богатиот и на учениот … Барем во кратки црти да направиме еден преглед на животниот пат и активностите на овој познат Бугарин од времето на Преродбата, чии несомнени заслуги, признати од неговите современици, денес остануваат недоволно оценети.

Првиот подетален „портрет“ на хаџи Стањо е направен од познатиот бугарски револуционер Стојан Заимов, кој во 1876 г. е главен апостол на Врачанскиот револуционерен округ. Во својата книга „Минатото“ од 1884 г. врз основа на сведоштва на негови непосредни современици, а исто така и на лични впечатоци ни го претставува на следниот начин:

На ръст хаджията е възкъсичък, но снажен, набитъчък с месо; лице кръглесто, червендалесто, гъсти вежди и дълги гъсти клепачи (…), с червеникава коса, остригана алафранга; чело високо и широко, намръщено; очи сини като бърдачки сливи. Облечен в шаячни опнати дрехи, но без вратник и вратовръзка ходи. По вънкашност въобще хаджията много напомня войводата Панайот Хитов. На възраст той е около 45 – 50 години, тук-там с побелели коси. Името му е хаджи Станьо Станчев, член е в градския съвет; брои се за най-богатия не само в Тетевенско, но и в Троянско, и в Ловченско, и в Орханийско; има до десет хиляди лири. Турските и църковните власти гледат на него като на писано яйце. Каймакамите в Ловеч и Орхание му стават на крака, кога се яви в конака. В Тетевенско той и Петко Милев (също първенец и богаташ) „колят кучето“, както се изразява народът за хора, в ръцете на които е съдбата на населението. Мюдюрите и полицейските чинове (заптиетата) по негов личен кеф се турят и вадят. Тетевенско (и помаци, и българи, мало и голямо) гледа на него с дълбоко уважение и почитание…“

Треба да се одбележи дека портретот претставен од Стојан Заимов е на човек кој што во конкретниот момент бил на 56-57 годишна возраст. Според стандардите на таа епоха оваа возраст се сметала за достојна и зрела. За младиот Заимов роден во 1853 година повеќе од три децении подоцна, Хаџи Стањо е човек од друга генерација и социјална средина. Воедно со тоа човек што бил многу богат ги поседувал квалитетите на претприемач и тежок чорбаџија, нешто што за луѓето со социјалниот профил на младиот револуционер Заимов е до одредена степен вознемирувачко. Затоа како што ќе стане збор понатаму, за карактеристиките и за некои од случувањата раскажани од Стојан Заимов, треба да се гледа внимателно и критично. Не треба да се заборава дека за време на создавањето на „Минатото“ влегува во лично ривалство со Захариј Стојанов. Се разбира авторот сакал да украси и неретко да манипулира со историјата со литературен манир и да наметнува свои погледи врз читателите.

Димитар Стојчев во книгата „Тетевен- минато и денешница“ (Софија, 1924 година) исто така прави своебразен портрет на Хаџи Стањо Врабевски.

Треба да се одбележи дека авторот објавува сведоштва од сограѓаните и роднините на Хаџи Стањо, од почетокот на 20 ти век, време во кое се уште имало луѓе кои го познавале лично.

Неговата позиција се споделува и од Љубомир Дојчев во неговото истражување „Соработниците на Aпостолот“ (Софија 1981).

Информацијата на Стојчев е поточна и далеку пообјективна од онаа претставена од Стојан Заимов. Ете што пишува историчарот од Тетевен.

„Хаџи Стањо х. Станчев Врабевски е човек со големо внимание кај власта и со огромно за тоа време богатство. Стојан Заимов го нарекува Ротшилд од Тетевен. Родителите на Хаџи Стањо потекнуваат од село Врабево, севлиевско, но се населуваат во Тетевен пред нападот на крџалиите врз градот.

Таткото на Хаџи Стањо се занимавал со трговија во Влашко.

Хаџи Стањо е роден во Тетевен, каде што учи во келијно училиште а потоа заминува за Фокшан, каде што го продолжува неговото образование. Освен тоа тој се образувал во Унгарија и во Пловдив. Хаџи Стањо имал солидно образование и ги зборувал слободно следните јазици: романски, унгарски, грчки и турски. Истите подоцна му даваат можност да развие голема трговија во Унгарија и во Влашко. Во Влашко Хаџи Стањо создава контакти со бугарските емигранти и се запознава и одржува контакти со Г.С Раковски. Поради природата на неговата трговија тој често ја преминува реката Дунав и одржува активни контакти со бугарските емигранти во Влашко.

Поради својата положба и природна интелегентност Хаџи Стањо е најпознатиот и највлијателниот чорбаџија во Тетевен а и пошироко. Мазхар паша вели дека Хаџи Стањо може да го избрка од работа и него. Во Комитетот на Тетевен Хаџи Стањо е главниот активист и лице од најголема доверба на Левски.“

Хаџи Стањо Врабевски во 70-тите години на XIX век

Од исклучителна важност е напишаното за Хаџи Стањо од големиот познавач на бугарскиот менталитет и историја на преродбата Иван Хаџијски.

„Во Тетевен, во овој прекрасен град, на чело на Комитетот беа најбогатите трговци и лихвари: дедо Стањо Врабевски, милионер, воспитаник на Роберт колеџ во Цариград кој зборува на неколку јазици, Петко Милев- стршниот, браќа Станеви и други. Дедо Стањо бил задолжен да се грижи за повеќе од 20 вдовици на кираџии, убиени за време на пренесување на неговата роба.“

(Иван Хаџијски, „Психологија на априлското востание“ Софија 1943 година)

Уште неколку редови на Иван Хаџијски овој пат од неговиот капитален труд „Оптимистилка теорија за бугарскиот народ“ (т.I Софија 1940).

„Денес многу општественици се приврзаници на доктрината за посниот џигер. Во времето на преродбата нашите први „министри“ ги забележуваа како што тоа го правеше Левски, парите што биле потрошени за игли и конец, со кои ги кршеле нивните кошули. Дедо Стањо Врабевски по ослободувањето ги врати на бугарската држава лирите на тетевенскиот револуционерен Комитет што останале кај него пред неговото заточеништво во Диарбекир.“

Д-р Милен Врабевски, претседател на фондацијата „Бугарска памет“ бара сведоштва за животот и активностите на неговиот прадедо. „Портретот“ на истакнатиот преродбенички деец според спомените на неговиот род и нецелосните податоци во нашите архиви е релевантно точен, но се разбира се поставуваат голем број прашања, кои се надеваме дека еден ден ќе го добијат својот појасен одговор.

Продолжува…

Во неколку продолженија порталот Трибуна ќе ја објави книгата на проф. д-р Пламен Митев и проф. д-р Пламен Павлов „Хаџи Стањо Врабевски и Тетевенскиот револуционерен округ“, која го следи животниот пат на еден од најблиските соработници на Апостолот на слободата Васил Левски- хаџи Стањо Врабевски од Тетевен, Бугарија.



Слични Објави