| |

ЧЕТВОРИЦА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА КАЈ ШТИПСКОТО СЕЛО ЛАКАВИЦА

Во тешка сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш кај селото Лакавица повредени се четири лица. Според портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова несреќата се случила во 14.47 часот меѓу товарно моторно возило со скопски регистерски таблички управувано од 37 годишниот Т.Д од Велес и автомобил марка „ Голф“ со радовишки регистарски ознаки управуван од 46 годишниот Ж.К.од село Ињево, радовишко. -Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачите на камионот и автомобилот, како и сопатниците во него 41 годишната Ј.К и 19 годишната С.К од радовишкото село Ињево Увидот е во тек, вели Панајотова Таа додава дека повредените се пренесени во Клиничката болница Штип. Сообраќајот во двата правци е во прекин, но се пропуштаат само автобилили наизменично, бидејќи и во тек е отстранување на камионот од коловозот.

Извор: ТВ Стар

Слични Објави