ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ВО ШТИП НЕ ШТЕДИ ЗА ПАСТРМАЈЛИЈАДАТА- ГЛАВНА ЅВЕЗДА НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ БИДЕ ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИЌ

//

Над 80 илјади евра ќе чини овогодишното издание на штипската Пастрмајлијада. Организаторот, локалните власти за ТВ Стар денеска тврдат, над 90 проценти од техничките подготовки се завршени

„Останува да се дофинализираат работите и околу програмата и околу логистичката поддршка и техничката организација на пастмајлијадата“ ,изјави Кирил Панајотов – ЛС Штип

Тв Стар од свои извори дознава. Тука на локацијата Дујле, каде ќе биде поставена големата сцена, ќе се појави балканската ѕвезда Жељко Јоксимович. Потем хрватската поп пеачка Даниела Мартиновиќ, но и македонските поп и фолк ѕвезди, Владо Јаневски, Антонија Гиговска, Викторија Лоба, Мартинијан, оркестарот на Џамбо Агушев.

„Усни преговори се завршени со 99% од учесниците , останува да се потпишат договорите. Додека не се потпишат не можеме да манипулираме , односно да шпекулираме со имиња“,кажа Кирил Панајотов – ЛС Штип



Кај општинарите останува дилемата, дали ланскиот рекорд од продадени и изедени 200 илјади парчиња пастрмајлии , годинава ќе биде урнат. Со оглед на интересот, не е тешко да се претпостави дека годинава ќе биде уште една во редот на рекордните, кога во прашање е надалеку популарната штипска Пастрмајлија.

Извор: ТВ Стар

Претходна статија

ГДУ БАРА ПРОМЕНА НА ИЗБОРНИОТ МОДЕЛ ПРЕД ОДРЖУВАЊЕ НА БИЛО КАКВИ ИЗБОРИ

Следна статија

ЧЕТВОРИЦА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА КАЈ ШТИПСКОТО СЕЛО ЛАКАВИЦА

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да