|

Украина тврди дека преговарачот Киреев загинал во специјална задача

Членот на украинската делегација за преговори со Русија, Денис Киреев загина во специјална задача, соопшти главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина.

Во соопштението се наведува дека Киреев е еден од тројцата разузнавачи кои загинале при извршување на специјални задачи, пренесе „ТАСС“.

Се додава дека тие загинале бранејќи ја Украина,

Претходно медиумите јавија дека безбедносната служба на Украина го убила членот на својата делегација во преговорите бидејќи е руски шпион. Според оваа објава, украинската Служба за безбедност дошла до докази за неговото предавство и снимки од неговите телефонски разговори.

Извор: Темите

Слични Објави