| |

Пекевски: Пораката е јасна, нема да влеземе во ЕУ додека не ги исполниме бугарските услови

„Ние упорно и упорно не сакаме да прифатиме, а тие упорно и упорно ни кажуваат дека треба да дадеме сè што бара нашиот источен сосед ако сакаме да бидеме дел од европското семејство. Порано тоа го правеа кришум и тивко, но по изјавата на Закаријаш видовме дека сега веќе почнаа условите да ни ги плескаат право в очи“, вели политичкиот аналитичар Синиша Пекевски во изјава за порталот Плусинфо.

„Пораката е јасна, нема да влеземе во ЕУ сè додека не ги исполниме условите што ги поставува Бугарија. И сето ова е резултат на сервилниот и понизен однос на нашата влада која секогаш ја наведнува главата и никогаш не се спротивставува. Сега повторно нашите ќе се обидат да играат заткулисни игри и да се испазарат исто како што тоа веќе го сторија со промената на уставното име. Многу веројатно е дека наскоро ќе бидеме ставени во шах-мат позиција и дека ќе мора да прифатиме дека македонскиот јазик е всушност дијалект на бугарскиот јазик – додава Пекевски.

Слични Објави