| |

Софија ќе вложи 632 милиони евра во јавниот превоз

Бугарската влада и Градот Софија ќе инвестираат 265 милиони евра во јавниот превоз и проширувањето на метрото во бугарскиот главен град. Средствата ќе бидат обезбедени преку оперативната програма „Развој на регионите“ и Фондот за праведна транзиција, јавува БНР.

Предвидена е набавка на 75 електрични автобуси, 50 тролејбуси и 20 трамваи, како и реконструкција на патната инфраструктура, изградба на нови делници од метрото и купување возови.

„Некои од трамваите се постари од нас. Со нив одевме на училиште пред 20 или 30 години и потребна им е обнова“, изјави вицепремиерот за европски средства Атанас Пеканов.

Според него, без овие мерки Бугарија би загубила 800 милиони евра од програмата, од која досега биле договорени само 50 отсто, а исплатени помалку од 10 отсто од средствата. Дел од неискористените пари ќе бидат распределени во други региони и општини.

Градот Софија дополнително ќе обезбеди заем од 367 милиони евра за 200 нови автобуси и реконструкција на повеќе булевари. Инвестицијата треба да биде реализирана до 2030 година.



Слични Објави