Занаетчиската комора за прв пат доби жена за директор

/

Управниот одбор на Занаетчиска комора (ЗКРСМ) ја именуваше Јелена Спасова за генерален директор, која е првата жена на местото директор на ЗКРСМ. Спасова е диплпмиран економист во насоката финансии, банкарството и осигурување – менаџмент во секторот на јавни услуги.
Има богато искуство во работа со финансиски институции и долгогодишно работење како директор во неколку домашни и странски компании како што се Raiffeisen Банка и Uniqa Осигурување, и во невладини организации.

Таа е сертифициран тренер на повеќе обуки од областа на предптиемништвото и финансиите, како и обуки за бизнис консалтинг, коучинг и деловна комуникација.



– Нашата цел е да му помогнеме на занаетчиството да го добие заслуженото место во општеството и да одржува конструктивен политички дијалог, кој овозможува воспоставување рамковни услови за развој и унапредување на микро и малите предпријатија који вршат занаетчиска дејност. Знаеме дека сега комората е во многу добри раце во моментот кога започнуваме ново поглавје во историјата на ЗКРСМ, изјави претседателот на ЗКРСМ, Агрон Фазлији.

Претходна статија

Маричиќ: 2030 е реално време за исполнување на обврските кон ЕУ

Следна статија

Доларот стагнира, цената на нафтата благо порасна

Најново од Вести