Доларот стагнира, цената на нафтата благо порасна

/

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути се движи во многу тесен опсег.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 105,90 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 105,85 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 138,85 на 138,60 јени.

Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0405 долари, додека вчера во ова време беше 1,0420 долари.



Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар зајакна за 0,20 отсто, на 85,50 долари, додека американскиот пазар е затворен поради празниците.

Извор: denar.mk

Претходна статија

Занаетчиската комора за прв пат доби жена за директор

Следна статија

Што не чека во 2023 година: Сè ќе продолжи да се врти околу зголемувањето на каматните стапки и инфлацијата

Најново од Вести