| | |

(Видео) Панаѓурската носија ги обединува локалните жители и бугарските доселеници од Македонија во Брацигово

Прекрасната панаѓурска носија станала обединувачка за населението на Брацигово во 19 век, кое го сочинувале локалните жители, македонски Бугари- Мрваци, дојдени од реонот на Неврокоп и македонските Бугари, кои дошле од регионот на Костур и Корча кон крајот на 18 век, пренесува БГНЕС.

Директорот на Регионалниот историски музеј во градот, Петар Донов раскажува како панаѓурската носија ги обединила Бугарите во Брацигово.

„Во околината на Брацигово во 1791 година почнало да се населува население од Костурско и Корча во Западна Македонија. Таму се тие се среќаваат со локалното население. Доселениците од Македонија, биле занаетчии, кои имале убави носии, а оние од околината на Брацигово биле со поскромна облека“, вели историчарот.

Месното население, мрваците и македонските бугарски доселеници прво живееле одвоено и не биле меѓусебно поврзани. Првите се занимавале со рударство и абаџиство, а македонските Бугари со градежништво. Постепено, вторите станале познат низ бугарските земји во тогашната Отоманска империја како одлични градители. Тие изградиле некои од најамблематичните градби на бугарската Преродба – главно цркви, мостови и куќи од Стара Планина до Белото Море и од Пазарџик до Едрене.

Постепено Мрваците и македонските Бугари се зближиле и почнале да се венчаат меѓу себе. Но, разликите, особено во облеката, останале. За да ги надминат, тие решаваат да изберат една носија, која станува заедничка облека за двете заедници.

Според Петар Донов, македонската носија била многу комплицирана за репродукција и изработка, поради тоа за заедничка носија била избрана попрактичната панаѓурска носија.

Женските носии оставаат најголем впечаток во музејот. Тие се состојат од кожи, крзна, сребрени орнаменти. Македонската верзија на носијата има карактеристични големи сребрени реси и сребрени украси на градите од облеката.

Во Регионалниот историски музеј во Брацигово можете да видите и оригинални родопски носии од околните села Розово, Равногор и Жребичко.



Слични Објави