Тагарев: Режимот го уби Навални
Режимот го уби Навални, со овие зборови објавени на социјалната мрежа Facebook министерот за одбрана на Бугарија Тодор Тагарев реагираше на веста за смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој почина денеска во казнена колонија во далечниот север на Руската федерација.
„Жалиме со неговото семејство и сите кои го сакаа и почитуваа. Но, убиството на Навални нема да донесе спас за режимот на Путин.
Напротив, случајот на Навални ќе продолжи и во Русија и во странство со уште поголема сила“, напиша уште Тагарев.