ЏАМБАСКИ: МАЛТРЕТИРАЊАТА ВРЗ МАКЕДОНСКИТЕ БУГАРИ ОД ВЛАСТИТЕ ВО СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА
Европратеникот од ВМРО поднесе сигнал до ЕК за полициско малтретирање врз македонски Бугари.
„Србоманските глувци да се чуствуваат предупредени. Внесов итни прашања во ЕК по последните скандалозни случаи“, пишува на facebook заменик-претседателот на ВМРО и европратеник Ангел Џамбаски.
„Информациите за малтретирањето од страна на власта на двајца македонски Бугари, Васил Латковски и Живко Чавдаров, веќе се во Европската комисија. Малтретирањето врз македонските Бугари продолжува. Тоа не запирало никогаш, но сега е посебно нагло, бидејќи се случува во момент кога официјалните власти демек работат за добрососедство и за премостување на проблемите меѓу двете држави, со оглед почнувањето на преговорите меѓу РС Македонија и ЕУ за членство во Унијата“, пишува Џамбаски.
Прочитајте повеќе на 24 chasa.bg