Колев: РС Македонија бара начин како сама да си стави вето на патот кон ЕУ

//

,,Северна Македонија бара начин како сама да си стави вето по патот кон ЕУ. Нема да се изненадам ако многу скоро РСМ не добие жолт картон од Европската комисија”, изјави Петар Колев, активист за човекови права на Бугарите во РС Македонија, во утринската програма на бугарската телевизија БТВ.

Според него РС Македонија води лицемерна политика. Од една страна го осудува отворањето на т.н македонски клуб во Благоевград а од друга секретарот на претседателот доаѓа и е присутен на самиот настан.

,,Ако си мислат дека со такви дволични игри од времето на Југославија, ќе ја обезбедат европската иднина на македонските граѓани длабоко се лажат”, додава Колев.

Тој истакна дека бугарската реакција за време на настанот во Благоевград заслужува висока оценка.
,,На таков начин еден народ со достоинство треба да одговара на ваквите намерни провокации”, дециден е Колев.

Според него РС Македонија има да пишува домашна задача пред да ги почне суштинските преговори за влез во ЕУ.

Историчарот Наум Кајчев, член на бугарско-македонската комисија за историски прашања исто така го коментира настанот во Благоевград.

,, Присуството на коалициониот партнер Демократски сојуз и официјалниот претставник на претседателот на РС Македонија отвора голем број на прашања. За мене лично тоа е прекршување на Договорот за соработка, пријателство и добрососедство”, изјави Кајчев.



Претходна статија

Нови цени на горивата вечерва по полноќ

Следна статија

ФФМ казнета со 10.000 евра за исвиркувањето на бугарската химна

Најново од Вести