|

Просечната плата во октомври била 29.145 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2021 година, изнесува 29 145 денари.

„Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.5 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (2.1 %) и Други услужни дејности (2.0 %).“, соопшти ДЗС.

Највисоки остануваат платите на компјутерските програмери со просек 73.540 денари,  вработените во стручните и научни дејности со 49.352 денари, фармацевтите со 47.933 денари, вработени во воздухопловниот транспорт со 45.656 денари.

Извор: Zoom. mk



Слични Објави