НЕ СЕ НАЈАДОВТЕ НА ОКТОПОДИ, АМА УСТИТЕ ВИ СЕ ПОЛНИ СО СОЛИДАРНОСТ

//

На вчерашната прес-конференција министерот за здравство на Република Македонија, Венко Филипче изјави дека има финално решение за проблемот со платите на вработените во Институтот за јавно здравје. Како што јави ТВ 24, 200-те вработени во таа установа сѐ уште ги чекаат своите мартовски плати. Проблем за тоа доцнење бил колективниот договор, за којшто забележете забелешки имале и ревизорите…

Добро е што се откри проблемот заради кој луѓето што се на прва линија во борбата против коронавирусот немаат земено плата од март. Ваквото брзо пронаоѓање на проблемот е за пофалба. Решение додека го пишувам овој текст за истиот проблем сѐ уште нема.

За епидемиолозите и микробиолозите кои деноноќно работат и прават тестирања на граѓаните ќе почекаме, но сепак има една „радосна“ вест. Има негативно решение на Уставниот суд во врска со одлуката на Владата, пратениците, судиите, обвинителите директорите и сите назначени или избрани функционери да добијат минимална плата во висина од 14 500 денари за месеците април и мај.

Кажано уличарски, вработениве во Институтот за јавно здравје кој ги ебе, важно е функционерските газиња да не сетат што е тоа живот со минималец па макар и само за 2 месеци, за време на вонредна состојба.

Од Владата се жалат на поткупувањето на некаква си солидарност? Солидарноста драги мои наследници на СКМ одамна ја нема во Македонија. Главен адут за собирање гласови на избори, вам модерните и на вашите ко демек противници- небањатите, ви се ветувањата за вработување на државно за измачените граѓани. Каде е тука солидарноста? Тој што ви донел список ќе си добие решение за важно егзистенцијално прашање, а другите кој ги ебе, да ве гласале.

Солидарност? Јавната набавка на свежа и замрзната риба, октопод и морски плодови одобрена пред 20-тина дена на 7 април 2020 г., дали влегува во солидарните одлуки?

Нема потреба да ги прашуваме вработените во Институтот за јавно здравје дали можат да си дозволат октопод, нели?

Денешната одлука на Уставниот суд, само ви даде ветар во грб драги властодршци. Во Македонија можеш да не се секираш за својата плата, само ако се докопаш до некаква функција. И метеор да падне, никој нема да ти ја чепне платата, па што остана за една корона, која како што вели Козарот дури не постои…



Земете барем избришете ги лажните солзи, пошо изгледате смешни.

Срамно смешни.

Пикањето во шупак во партиски штаб ни е национален спорт, а не солидарноста, така да денешната одлука на Уставен, ништо не поткопа, туку ја дозакопа и последната надеж, дека во Македонија може да помине бар една работа што е со добра намера, па макар и парите од кратењата да се симболични.

И знаете ли што е најсмешно…?

Се потепавте да ги повикувате граѓаните да ви го донираат повратокот на ДДВ… Не се најадовте бе маме му ебам. Не се најадовте на октоподи.

PS: Денеска бате Бојко кажа нешто за македонскиот јазик или заборавил да прдне, за да не ви го загади македонскиот воздух. Гниди!

Автор: Атанас Величков

Претходна статија

Д. ЈОРДАНОСКИ: ШТО (НА)ПРАВИ ДРЖАВАТА ЗА УГОСТИТЕЛСКИТЕ РАБОТНИЦИ, КОИ НЕМААТ ЗЕМЕНО ПЛАТА ОД ЈАНУАРИ МЕСЕЦ?

Следна статија

СОСТОЈБА СО КОВИД-19 ВО СВЕТОТ ДО 10 ЧАСОТ

Најново од Истакнато

Невладини организации на македонски Бугари од РС Македонија со осуда за срамниот говор на омраза кон Бугарите и Бугарија на фудбалскиот натпревар меѓу РС Македонија и Бугарија во Скопје

Претставници на 10 граѓански здруженија на граѓани на РС Македонија, со бугарска национална самосвест, испратија писмо