| |

ПРЕДМЕТОТ „ТРЕЗОР“ ПРОДОЛЖУВА СО ИЗНЕСУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛНИ ДОКАЗИ

Со изнесување на материјални докази на СЈО во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за „Трезор“, за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при Управата за безбедност и контраразузнавање. На обвинителна клупа во Кривичниот суд се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешен шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски и поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ. Мијалков од судот побара целосно изведување на доказите, односно да се чита целата содржина на доказите, за како што рече, да и стане јасно на јавноста за што се работи. За случајот поднесени се над 900 материјални докази.

 



Слични Објави