СПОРЕД ВЛАДАТА ОДЛУКАТА НА УСТАВЕН СУД ЗА ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ ЈА ПОТКОПУВА СОЛИДАРНОСТА
Владата на Македонија смета дека поведената постапка на Уставниот суд за поништување на Уредбата за намалување на платите на 2.060 функционери, пратеници, судии, обвинители и директори на минимална плата од 14.500 денари за април и мај, директно штети на солидарноста во нашата земја.
Со оваа одлука, Уставниот суд директно спречува обезбедување околу 240 милиони денари во Буџетот на РСМ за мерки за справување со КОВИД-19.
Владата изразува разочарување од ваквата скандалозна одлука која ја загрозува борбата со коронавирусот, се вели во реакцијата на Владата.

