| | |

(Видео) Кос во Скопје: Уставните измени остануваат неопходниот следен чекор за започнување на пристапниот процес кон Европската унија

Уставните измени остануваат неопходниот следен чекор за започнување на пристапниот процес кон Европската унија, ова денеска го изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос, на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Владата на Република Северна Македонија.

,,Проширувањето на ЕУ не е изградено на гаранции кои што се даваат однапред туку се гради врз доверба, обврски, посветеност, нивно исполнување и работа”, изјави Марта Кос како одговор на новинарско прашање за гаранциите што ги бара Владата на Северна Македонија за да пристапи кон спроведување на уставните измени неопходни за започнување на суштинскиот процес на преговори за влез во ЕУ.

,,Јас не сум она која што може да ви дава совети за тоа како да изградите доверба со вашите соседи, но она што го знам е дека колку повеќе доверба имате, толку полесно ќе напредувате низ пристапниот процес. Пристапниот процес не е само оној технички дел каде што треба да ги направите реформите, туку пристапниот процес е поврзан и со динамиката, политичката динамика во земјите членки.
Она што сакам да го кажам е можеме да ја изградиме довербата не само со добри зборови, туку и со добри дела. Можеме да градиме добри дела со избегнување на дејства и зборови кои што може да зголемуваат тензии.
Можеме да ја зголемиме довербата кога ќе го почитуваме меѓународното право, ќе ги решаваме споровите по мирен пат. Можеме да градиме доверба преку соработка за заеднички прашања. Има многу заеднички прашања во ЕУ.
„Градењето доверба е поддршка на регионалната стабилност, и градењето доверба не се однесува само на една земја членка, туку градењето доверба е да се изгради доверба со сите дваесет и седум земји членки“, изјави Кос на новинарско прашање поврзано со тоа како да се изгради доверба помеѓу Софија и Скопје.



Слични Објави