Д. ЈОРДАНОСКИ: ШТО (НА)ПРАВИ ДРЖАВАТА ЗА УГОСТИТЕЛСКИТЕ РАБОТНИЦИ, КОИ НЕМААТ ЗЕМЕНО ПЛАТА ОД ЈАНУАРИ МЕСЕЦ?
„Ние бележиме моментално, преку 3000 угостителски работници кои се испуштени од работа. Згора на сето тоа во Охрид моментално има, груба загуба кај угостителите, околу 2 милиони евра, што прави на тоа државата“, праша Даниел Јорданоски, председател на ГДУ Охрид, во емисијата „168 Анализи и коментари“ на ТВ Стар.
Јорданоски ја информираше јавноста дека во Охрид има вработени во угостителството, кои не земале плата од месецот јануари.
„За какви мерки ние зборуваме и што разговараме, бидејќи тие луѓе, замислете еден човек, којшто има две деца дома и има еден кредит, а е без работа… Како тој човек треба да опстане во овие 3 месеци? Што прави Владата за да го спаси тој човек, едноставно да му помогне на тој човек“, прашува Јорданоски од ГДУ.