| |

Румен Радев ќе присуствува на отворањето на реставрираната катедрала Нотр Дам во Париз

На покана на претседателот Емануел Макрон, шефот на бугарската држава Румен Радев денеска ќе биде дел од церемонијата на отворање на обновената катедрала Нотр Дам во Париз, јавува БГНЕС.

Румен Радев на 9 декември во Стразбур ќе се сретне со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, како и со раководители на различни тела во рамките на најстарата европска политичка организација, основана по Втората светска војна, која ги брани правата на човекот, демократијата и владеењето на правото во европските земји.



Слични Објави