| |

Бугарија и Косово ја зајакнуваат научната соработка

Претседателката на Бугарската академија на науките (БАН), дописен член Евелина Славчева, се сретна со амбасадорот на Република Косово, Хаџи Бајрактари, соопштија од БАН. На средбата присуствувале и заменик-претседателите на БАН, дописен член Евдокија Пашева и проф. д-р Емануел Мутафов, како и заменик-амбасадорот на Косово д-р Бујар Дескај, пренесува БТА.

За време на разговорот биле разгледани можностите за зајакнување на научната соработка меѓу двете земји во рамките на билатералната спогодба меѓу БАН и Косовската академија на науките и уметностите.

Посебен акцент бил ставен на соработката во областа на образованието – можноста гостин-лектори од БАН да одржуваат предавања во програмите по бугарски јазик на Универзитетот во Приштина, како и учеството на истражувачи од Косово во докторски програми во Бугарија. Учесниците на средбата се согласиле дека географската близина и одличните односи меѓу двете држави претставуваат основа за продлабочување на врските во науката и образованието.

Дописен член Славчева му честитала на амбасадорот за изборот во декември 2025 година на новиот претседател на Косовската академија на науките и уметностите, академик Јустина Широка-Пула, и изразила желба за средба меѓу претседателите на двете академии, информираа од БАН.

Слични Објави