АНТОНИО МИЛОШОСКИ СЕ МАЈТАПИ СО ОСТАВКИТЕ НА СВОИТЕ СОПАРТИЈЦИ

По серијата оставки на членови на ВМРО ДПМНЕ, пратеникот и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, на својот ФБ профил напиша сатиричен пост со мајтап оставка:

,,Јас, Антонио Милошоски, поднесувам неотпивиклива проевропска оставка од сите партиски функции, заради тоа што:
1. во Мај 2008-ма година го потпишав Договорот за стратешка соработка Македонија – САД, и со тоа сум создал услови за зголемено руско влијание во земјава, кое во овие клучни моменти за нашата партија и држава се појавува како пречка на безалтернативниот евроатлански пат, и
2. затоа што носам лична одговорност што како држава во 2009/10 година добивме безвизен режим за патување со македонски пасош во земјите на ЕУ, а тоа очигледно било само чин на лажен патриотизам кој дополнително не’ втурна во антиевропски изолационизам и меѓупартиски токсични игри.
3. И сатирата е порака!“-пишува Милошоски.

Постот е илустриран со фотографија на која е тој, како министер за надворешни работи, со тогашната американска државна секретарка, Кондолиза Рајс.