Во Воената академија „Георги С. Раковски“ ќе им бидат доделени дипломите на офицерите од генерацијата „Априлски“ 2026
Свечената церемонија за доделувањето на дипломите на офицерите од генерацијата „Априлски“ 2026 на Воената академија „Георги С. Раковски“ во Бугарија ќе се одржи утре, 31 јули, јавува Армимедија.
На настанот ќе присуствуваат заменик-министерката за одбрана Катерина Граматикова-Иванова и директорот на Штабот за одбрана, генерал-мајор Здравко Пехливанов.
Првенци на генерацијата „Априлски“ 2026 се полковник Момчил Димитров, кој со одличен успех дипломирал на специјализацијата „Стратегиско раководење со одбраната и вооружените сили“, и капетан Николај Бојчев на специјализацијата „Организација и управување со воени формации на оперативно ниво“. Бојчев воедно е првенец и на специјализацијата „Военовоздухопловни сили“.
Во текот на учебната 2025/2026 година на Воената академија се обучувале и четворица слушатели од Република Северна Македонија.
Просечниот успех на целата генерација е „одличен“ 5,81.

