| | |

(Видео) Христов за Институтот „Илија Тодоров Гаџев“ во Гоце Делчев: Ова е архива на македонската емиграција, која јасно го докажува бугарскиот карактер на Македонија

Им благодарам на сите институции кои работеа за добивањето на оваа архива, изјави бугарскиот вицепремиер Иво Христов во утринската програма на БНТ, во однос на добивањето на архивата на Институтот за историја на бугарската емиграција во Северна Америка ,,Илија Тодоров Гаџев” во Гоце Делчев.

,,Ова е архива на македонската емиграција која јасно го докажува бугарскиот карактер на Македонија и таа архива беше објект на интерес на многу држави. Истата можеше да биде употребена против Бугарија, но благодарение на брзата реакција на бугарските институции во последните два месеци, ги добивме овие непроценливи документи, цели едиции на македонски изданија во САД, во кои луѓе со свежо сеќавање по Илинден кажуваат какви се и дека се чувствуваат Бугари”, изјави вицепремиерот Христов.

Бугарскиот вицепремиер најави дека бугарската државна агенција „Архиви“ ќе го определи пристапот на историчарите до оваа архива.

,,Верувам дека од таму (архивата, бел.уред) ќе излезат многу интересни сведоштва кои ќе ја зајакнат нашата национална самодоверба и ќе ги отрезнат некои луѓе од надвор.”

Христов информираше дека архивата е купена заедно со зградата во договор со наследниците на д-р Иван Гаџев, основач на Институтот за историја на бугарската емиграција во Северна Америка.

,,Ние требаше да ги најдеме наследниците во САД и благодарение на ефикасните активности на господин Станков, нашиот генерален конзул во Чикаго, успеавме да го направиме тоа. Сите институции соработуваа од се срце за една корисна кауза, за што им благодарам”, изјави Христов.

Тој додаде дека во архивата има видео и аудио сведоштва и подвлече дека бугарската влада е одлучна во намерите да ја чува историската меморија.

Слични Објави