| |

Захариева: ЕК сериозно ја зајакнува источната граница на Унијата

Бугарската еврокомесарка Екатерина Захариева изјави дека Европската комисија со целосна сериозност се посветува на потребата од заjaкнување на на источните граници на Европската унија, дури и пред инцидентот со руските дронови кои го нарушија воздушниот простор на Полска.

„Сигурно гледаме сериозно и не само што гледаме, туку и дејствуваме сериозно, бидејќи за помалку од 200 дена ЕК предложи многу мерки поврзани со засилувањето на безбедноста. Бугарија ќе добие 3,3 милијарди евра на барање на бугарската влада, така што тоа се мерки што Комисијата ги презема за да ги поддржи земјите кои се на првата линија“, изјави Захариева.

Според неа, средствата се дел од поширокиот пакет иницијативи на Европската комисија за зајакнување на безбедносниот капацитет на земјите-членки кои директно се соочуваат со ризици и притисоци долж источните граници.

Слични Објави