| |

ФИЛИПЧЕ ГО ПРЕКИНА СПОРНИОТ ТЕНДЕР ЗА 35 МИЛИОНИ ЕВРА

Министерот за здравство Венко Филипче објави дека поради одредени неправилности во документацијата тендерот за набавка на тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки и гасни анализи тежок 35 милиони евра ќе биде прекинат.  Филипче изјави дека во следниот период министерството ќе продолжи со имплементација на планот за централизација, а со тоа и обезбедување на големи заштеди во овој дел од набавките. Филипче исто така ги повика и компаниите кои работат во оваа сфера да ги намалат цените на реагенсите, затоа што пазарните вредности се многу помали во моментов.



Слични Објави