|

Се урна „боинг 737-300“ во Австралија

„Боинг 737-300“ се урна во Западна Австралија.

Медиумите известуваат дека се работи за авион за гаснење пожари.

Според извештајот на австралиската ТВ-мрежа Еј-би-си, двајцата пилоти што управувале со авионот успеале да се спасат и да добијат само полесни повреди.

Авионот ѝ припаѓал на компанијата „Колсон авиејшн“ и бил ангажиран во гаснењето два големи пожара, кои гореле во националниот парк „Фицџералд ривер“.



Слични Објави